
Во петокот, иницијативата „Ниту една повеќе!“ организираше протест во Скопјe. На почетокот, пред зградата на Владата, беше одржана минута молчење во чест на сите жртви на насилство. После тоа, учесниците побараа и повикаа на, како што рекоа, правда и одговорност.
На блокадата беше присутна и Бети Ангеловска, мајката на младата жена од Битола која беше злоставувана и давена од нејзиниот дечко. Со солзи во очите, таа јавно проговори за насилството што го претрпе нејзината ќерка и побара правда.
„Само осум дена притвор во врска со девојче кое беше тепано повеќе од една година. Го молам министерот за внатрешни работи [Тошковски] и Јавното обвинителство да ги погледнат снимките од телефоните што беа запленети за вештачење“, изјави таа.