
Во четвртокот наутро, полицијата влезе во челичарницата „Макстил“, каде што се врши увид во почвата и одредени суровини поради сомневања за кривично дело против животната средина, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Телма“.
„Полициски службеници од Единицата за економски криминал и корупција од СВР Скопје, по добиени оперативни информации и обезбедена наредба од јавен обвинител од ОЈО Скопје, вршат контрола и преглед на примероци од почвата и одредени суровини за проверка на сомнение за евентуално сторено кривично дело од областа на еколошкиот криминал. По целосно завршување на активностите, соодветно ќе ја известиме јавноста“, наведоа од Министерството, според извештајот на „Телма“ објавен во 11:24 часот.
„Макстил“ подоцна истиот ден излезе со став преку соопштение за јавноста, наведувајќи дека се залагаат за транспарентност и се отворени за соработка во јавен интерес.