
Преку акциски план со кратки рокови ќе се бара решение за неконтролирано движење на околу 1.000 крави низ Крива Паланка. Градоначалникот Митовски на средбите во Министерството за земјоделство во четвртокот ги договорил деталите за заедничка операција со Агенцијата за храна и ветеринарство за заловување на животните.
Градоначалникот за Сител изјави дека се согласува со секој предлог кој има за цел да се реши проблемот за жителите на Крива Паланка. Ваквиот предлог, наведе, треба да биде ставен и на дневен ред на седница на Владата.