
Во врска со обвинителниот акт поднесен против деветмина полицајци од Велес осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување и неизвршување судска одлука во врска со случајот Росица Коцева, СДСМ праша уште колку жртви треба да има за министерот за внатрешни работи Тошковски да поднесе оставка. Владата и Министерството за внатрешни работи, рече во четвртокот Кети Штерјова од партијата, се обидуваат вината да ја префрлат исклучиво на обичните полицајци.
„Од 21 февруари до 15 септември 2025 година Росица Коцева пријавувала насилство и барала помош. Речиси седум месеци. Имало и судски мерки за нејзина заштита. И сега цела вина им се префрла само на полицајците“, нагласи таа.
Штерјова праша зошто не биле вклучени команданти, началници и раководители на сектори во тие седум месеци.