
Од Берлин, по завршувањето на состанокот на „Коалицијата на волните“, организиран од германскиот канцелар Мерц, премиерот Мицкоски сподели информации за разговорите посветени на глобалните предизвици и моменталната безбедносна состојба во светот. Во дискусијата учествуваа и специјални преговарачи во процесот за постигнување мир во Украина.
Американскиот претседател Трамп се вклучи телефонски, при што ги запозна учесниците со своите разговори со рускиот и кинескиот колега.
Мицкоски изјави дека „Македонија е дел од меѓународниот дијалог, седи на иста маса со светските лидери и активно придонесува во справувањето со глобалните предизвици“. Исто така, тој наведе дека, заедно со министерот за надворешни работи Муцунски, на состанокот ја потврдиле „поддршката на нашата земја за напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници“.