Возилата пред бугарска амбасада: Обвинетиот осуден на осум месеци затвор

Четириесет и четиригодишниот Игор Дашковски Стојановски од Скопје е осуден на казна затвор во траење од осум месеци и парична казна од 3.300 евра, поради тоа што запалил две дипломатски возила кои ѝ припаѓаат на Амбасадата на Бугарија во Скопје. Истовремено, Кривичниот суд му ја укина мерката притвор и му наложи еднаш неделно да се јавува во судот.

Стојановски ја призна вината и изјави дека на 15 јуни оваа година, самоиницијативно одлучил да ги полие возилата со бензин, а потоа и да ги запали. Судот го прогласи за виновен за загрозување на меѓународно заштитени лица и објекти.

Во однос на одлуката за укинување на притворот, Судот наведе дека осудениот веќе поминал околу половина од изречената затворска казна во притвор, при што нагласи дека опасноста од бегство е значително намалена. Судот го зеде предвид признавањето на вината, како и фактот дека Стојановски има малолетно дете и постојано место на живеење во земјата.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *