Случајот „Сара Ѓорѓиеска“: СДСМ организира собир во Охрид

„До кога?“ и „Правдата нема партиско знаме“ беа дел од пораките на транспарентите на мирниот собир одржан во вторникот пред Полициската станица во Охрид, по повод случајот со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска. Собирот беше организиран од Форумот на жени на СДСМ, од каде што побараа одговорност и порачаа дека насилството, прикривањето и заштитата на насилниците мора да престанат.

Каја Шукова од СДСМ, во своето обраќање, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, за чие спречување е потребна поголема институционална одговорност.

Сепак, иницијативата „Ниту една повеќе“ јавно се спротивстави на партиското мешање во протестите против насилството врз жените. Во својата реакција, тие не ја именуваа директно СДСМ. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата за политичка злоупотреба на случајот.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *