Мицкоски: Процесот на проширување служи за модернизација на земјите, а не за губење на идентитетот

Македонскиот идентитет е дел од Договорот од Преспа, а македонскиот јазик е дел од портфолиото на ОН, изјави премиерот Мицкоски на панел-дискусија во рамките на Форумот за проширување на ЕУ. Процесот на проширување служи за модернизација на земјите, а не за губење на идентитетот, оцени тој.

Според еврокомесарката за проширување Кос, процесот на проширување на ЕУ се одвива во многу посложена ситуација отколку во минатото.

Претседателката на Европската комисија, фон дер Лајен, истакна дека доколку Унијата во минатото немаше примено нови членки, ризиците што доаѓаат од Москва денес ќе беа многу поголеми.

На Форумот во Брисел учествуваше и бугарската министерка за надворешни работи, Петрова-Чамова. Во однос на патот на Северна Македонија кон ЕУ, таа повтори дека нема промени во ставовите поврзани со решението договорено во 2022 година.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *