
Триесет и едногодишниот Кристијан Корабоски од Охрид, кој е осомничен дека ја претепал својата девојка, 26-годишната Сара Ѓорѓиеска, во понеделникот повторно беше уапсен.
Од охридската полиција соопштија дека Корабоски управувал возило под дејство на алкохол во ноќта кога, според сомневањата, ја исфрлил Сара Ѓорѓиеска од автомобил во Охрид. Според полициските наоди, тој имал 1,29 промили алкохол во крвта. Во врска со тоа, ќе биде поднесена посебна пријава.