
Според премиерот Мицкоски, до крајот на декември во Собранието треба да биде усвоена низа закони од Реформската агенда. Тие се однесуваат на јавната администрација, дигиталната трансформација, транспортот, енергетиката и правосудството.
Кривичниот законик и Законот за кривична постапка се исклучително важни закони за кои Брисел треба да даде „зелено светло“ дека се соодветно подготвени. Во пакетот закони е опфатено и финансирањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, при што е начелно договорено нивното финансирање постепено да се зголемува во текот на наредните години.