
Петмина напаѓачи, дел од група од 20 тинејџери кои пред речиси еден месец претепаа 13-годишник во скопската населба Влае, се обвинети за насилство.
Случајот тогаш го обелодени мајката на претепаното дете, наведувајќи дека постарите малолетници – главно 16-годишници – го удирале со тупаници и клоци, претежно во пределот на главата, на плоштадот „Делфина“. Таа тогаш изјави дека користеле и боксери, при што нејзиниот син се здобил со скршени заби, потрес на мозокот, отоци, модрици и хематоми.
Во средата се случи нов инцидент во кој беше нападнат малолетник. Во гостиварскиот регион, дете беше нападнато од група други деца во училиштен двор. Нападот бил снимен и објавен на социјалните мрежи. По пријава од таткото на детето, полицијата презема соодветни мерки.