
Тензии и меѓусебни обвинувања ја одбележаа седницата во четвртокот, на која пратениците од опозицијата требаше да им поставуваат прашања на членовите на Владата. Сепак, наместо поставување прашања и добивање одговори, времето предвидено за опозицијата помина во паузи и прекини на седницата.
Првата едночасовна пауза ја побара пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари, која инсистираше на присуство на министерот за правда, Шасивари. По неа, едночасовна пауза побара и пратеникот од ЗНАМ, Даниел Стојчески.
По двете паузи, претседателот на Собранието, Гаши, констатираше дека времето предвидено за прашања од опозицијата е истечено. Ова предизвика бурни реакции кај пратениците од опозицијата.