
Во интервју за „Сител“, министерот за внатрешни работи Тошковски изјави дека до Собранието е доставен нов предлог-закон за семејно насилство, кој предвидува и можност за користење електронски алки за надзор на сторителите.
Тој додаде дека на изготвувањето на законското решение интензивно се работело повеќе од 5-6 месеци, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, невладини организации, експерти, професори, јавни обвинители и судии.
Во однос на случајот со Ива Михаилова, тој наведе дека досегашната истрага покажала оти таа не е евидентирана ниту при влез или излез од државата на македонските гранични премини, ниту пак е забележана на камерите од домашните системи за безбедност.