Димче Арсовски го наследува Шаќири на функцијата директор на Младинскиот културен центар

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски е новиот директор на Младинскиот културен центар, откако актуелниот Бени Шаќири поднесе оставка.

„Поднесов неотповиклива оставка до градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од лични причини. На предлог на градоначалникот Ѓорѓиевски, останувам дел од неговиот кабинет, на позицијата советник за култура, со што ќе се обидам, од еден поинаков аспект, да придонесам за унапредување и развој на културата во градот“, рече Шаќири.

На Арсовски му посака успех.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *