
Почнувајќи од понеделник, покрај шалтерите во главната филијала на „Алта банка“ во Битола, повторно се отворени и филијалите во Струмица и Тетово за граѓаните кои немаат платежни картички, а кои ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, неделниот лимит за користење картички е зголемен од 10.000 на 15.000 денари.
Во меѓувреме, СДСМ упати остри обвинувања кон премиерот Мицкоски поради неговите последни коментари за случајот со „Алта банка“.
„Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме“, порачаа од партијата.
Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ дека, за време на мандатот на претходната влада, спроведувале шема за перење пари преку „Еуростандард банка“.