
Неделниот протест против фемицид, одржан во Скопје, започна со едноминутно молчење во чест на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, која беше убиена од својот партнер.
Присутните граѓани го изразија својот гнев и незадоволство од институциите, кои, според нив, уште еднаш потфрлија во заштитата на жртвата. Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ нагласи дека надлежните не успеваат да го спречат насилството и побара одговорност и итни промени.
Во меѓувреме, претседателката на ЛДП и пратеничка, Зајкова, соопшти дека, на барање на граѓаните, е покрената петиција со која се бара воведување електронски алки за следење на сторителите на семејно насилство.