
Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Северна Македонија и смета дека прашањата поврзани со процесот на европска интеграција се веќе утврдени на европско ниво, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Петрова-Чамова, за време на седница за прашања и одговори во бугарскиот Парламент.
„Невообичаено е да има посредник меѓу земја-членка на ЕУ и земја-кандидат во однос на договори кои не се од билатерален карактер, туку се усвоени и одобрени на европско ниво. Ова е многу јасен став на Бугарија“, наведе таа.