Алијанса за Албанците и СДСМ реагираат на коментарите на Димитриевски за правосудниот испит

Алијанса за Албанците реагираше на ставот на лидерот на ЗНАМ, Димитриевски, дека неговата партија нема да отстапи од позицијата оти правосудниот испит мора да се полага исклучиво на македонски јазик. Според него, станува збор за прашање што ги надминува дневните политички интереси и директно влијае врз функционирањето на правосудниот систем и уставниот поредок во земјата. Од Алијанса за Албанците оценија дека неговите изјави се залуден обид за зголемување на рејтингот.

Реагираше и СДСМ. Од таму посочија дека правосудниот испит се наметнува како тема за наводни несогласувања во коалицијата, со цел да се создаде впечаток на тензија, да се отвори пат за предвремени избори и да се избегне признавањето дека финансиската стабилност е загрозена поради „Алта банка“.

Како одговор на реакциите, од ЗНАМ наведоа дека кога недостасуваат аргументи за суштината на прашањата, единственото што преостанува се навреди и обиди за политичка дискредитација.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *