
Лидерот на СДСМ, Филипче, изјави дека министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска, изрекла невистина кога рекла дека не била информирана и консултирана во врска со влезот на „Алта банка“ на пазарот во Северна Македонија во 2025 година. Во објава на социјалните мрежи, тој сподели фотографија од записник од седница на Владата.
„Не само што била информирана, туку Владата на Мицкоски, токму по предлог на Кочоска, усвои заклучоци кои директно се однесуваат на понудата за преземање акции од страна на ’Алта банка АД Белград‘, доставена до 16 јавни институции. Еве го записникот: Седница на Владата од 23 септември 2025 година. Владата им наложила да достават писмено изјаснување за прифаќање или одбивање на понудата на ’Алта банка‘“, напиша Филипче.