
По соопштението од 4 ноември во врска со работата на шалтерите во „Алта банка“, во средата пред затворените врати на главната филијала во Битола повторно се создадоа гужви. Покрај граѓаните кои имаа намера да подигнат готовина на шалтер, поголемиот дел чекаа за да добијат потврди за затворање на сметките, со цел да преминат во друга банка.
Што се однесува до надзорната расправа, пратеничката од СДСМ, Лукаревска, потврди дека таа е закажана за следната среда.
Во однос на иницијативата за гласање недоверба на гувернерот на Народната банка, Славески, од СДСМ велат дека таа ќе биде поднесена во текот на наредните денови.