
На Самитот за проширување на ЕУ, одржан во вторникот во Брисел во организација на „Еуроњуз“ (Euronews), претседателката Силјановска Давкова изјави дека нејзината земја ќе продолжи со напорите за дијалог со Бугарија, водена од добра волја, но истакна дека ирационалните проблеми поврзани со идентитетот не можат да се надминат. Според неа, блокадата на Северна Македонија не е поврзана со она што таа го нарече реалност, туку со недостиг на политичка волја, како кај соседот, така и кај ЕУ.
„Сите политичари што нè посетуваат велат дека е потребна политичка волја, но што е со политичката волја од страна на ЕУ? Можеме да надминеме рационални проблеми, но што е со ирационалните? Како можам да преговарам за својот идентитет, за својот јазик? Извинете, но не можам“, нагласи таа.