
Првообвинетиот во случајот „Лотарија“, поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ќе биде пуштен од притвор. Кривичниот суд ја прифати понудената гаранција во износ од 1,1 милион евра во недвижен имот. Одлуката е донесена по барање на одбраната на Бајрами, поднесено на 14 октомври.
Судот, исто така, му одреди дополнителни мерки на претпазливост: одземање на патната исправа, забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница, како и обврска за редовно јавување во судот.