
Укинати се пресудите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година, кој одзема 14 животи. Врховниот суд ги поништи и првостепените и апелационите пресуди и го врати предметот на повторно судење.
Според образложението на Врховниот суд, пониските судови не успеале доволно да ја објаснат каузалната врска помеѓу постапките на обвинетите и трагедијата. Поранешните директори на болницата Флорин Бесими и Артан Етеми беа осудени на три години затвор.