
Две јајца, три парчиња кашкавал, салама и леб беа вечерата послужена во студентскиот дом „Стив Наумов“. Студентите го известија Дигиталниот центар „Студентарија“ дека плаќаат двојно повисока партиципација, а притоа не добиваат доволно храна, како и дека, поради универзитетски обврски, не успеваат навреме да стигнат на ручек.
Покрај овие проблеми, пристигнаа информации дека во други студентски домови нема топла вода, струја и греење. Студентите се пожалија и на други проблеми, вклучувајќи го недостатокот на приградски автобуски превоз и доцнењето на исплатата на стипендиите.
Во однос на резултатите од изборите во Србија, студентите од Северна Македонија сметаат дека тие докажуваат оти младите можат да донесат промени, наместо само пасивно да го набљудуваат општеството. Иако се свесни за моќта што ја поседуваат, тие напоменуваат дека посакуваните резултати можат да се постигнат и преку други начини на дејствување.