
Лидерот на СДСМ, Филипче, ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од функцијата заменик-координатор на пратеничката група на партијата. На координативниот состанок одржан на 22 октомври, Филипче ги информираше присутните за оваа одлука.
Петровска во изјава за „Канал 5“ потврди дека го потпишала официјалното известување упатено до претседателот на Собранието, Гаши. Таа посочува дека не било дадено конкретно образложение за нејзиното разрешување.
Сепак, таа одговори на обвинувањата на Филипче, оценувајќи ги како такви што директно им служат на политичките интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Петровска нагласува дека останува доследна на социјалдемократските принципи и дека нема да отстапи од своите политички ставови.