Случајот со кубанската вакцина: Нови реакции и информации

Министерството за внатрешни работи потврди дека велешанецот, осомничен за продажба и аплицирање на наводни кубански вакцини кај пациенти заболени од рак, претходно бил пријавен за измама на сопственик на фирма од Охрид. Измамата била извршена преку неговата невладина организација, чии членови се лица со физичка попреченост.

Како што појаснуваат од Министерството, тој ги пречекорил своите службени овластувања и на 20 март 2023 година се стекнал со противправна имотна корист од 600.000 денари на штета на М.Г. од Охрид. Претходно, тој го довел оштетениот во заблуда, наведувајќи го да аплицира за грант од европски фондови за проект „Адреналински парк“. Притоа, тој тврдел дека доделените средства ќе бидат префрлени на фирмата на М.Г. за изградба на парк во рамките на неговиот камп во Охрид.

Јавното обвинителство во Охрид сè уште истражува дали е извршена измама и за каков вид на измама станува збор, додека осомничениот во меѓувреме веќе преминал на нов деловен потфат.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *