Ново рочиште во судењето за Државната лотарија

Во средата се одржа ново рочиште во судскиот процес поврзан со Државна лотарија.

Управниот одбор на Државна лотарија никогаш не донел одлука за потребата од набавка на терминали за видеолотарија (VLT), сведочеше Христа Најданов, кој бил член на Одборот од 2017 до 2024 година, именуван од Владата на предлог на ДОМ. Тој бил член две години за време на мандатот на поранешниот директор Перпарим Бајрами, како и за време на неговата претходничка, Катица Николовска-Парнакова.

Според сведокот, Николовска-Парнакова имала резерви во однос на прашањето Државна лотарија самостојно да организира електронски игри на среќа.

„Колку што се сеќавам, немаше посебна точка на дневен ред за потребата од набавка на VLT-апарати. Не донесовме конкретна одлука за VLT-апаратите. Подоцна дознав за тоа од медиумите“, изјави Најданов.

Бајрами и поранешниот заменик-премиер Груби се меѓу обвинетите во овој судски процес.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *