
Премиерот Мицкоски смета дека прославата по укинувањето на домашниот притвор на Груби, кој е меѓу обвинетите во судскиот процес за Државна лотарија, не му оди во прилог на поранешниот ДПМ, туку дополнително ја комплицира неговата позиција.
Одговарајќи на новинарско прашање во четврток, премиерот истакна дека Груби не е целосно слободен бидејќи ограничувањата сè уште се на сила.
„Не би рекол дека е слободен како што јас сум слободен, бидејќи јас ја имам мојата патна исправа и можам да го напуштам и градот и државата“, одговори Мицкоски.