Случајот „Груби“: Одбиено барањето за враќање на патната исправа на поранешниот вицепремиер

На поранешниот заменик-премиер Груби, кој е обвинет во случајот „Државна лотарија“ и кому му истече мерката куќен притвор, Кривичниот суд му одреди мерки на претпазливост. Барањето на одбраната за враќање на патната исправа врз основа на гаранција е одбиено.

Како што појаснија од Судот во вторникот, одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена согласно член 470 од Законот за кривична постапка.

Мерките на претпазливост вклучуваат: забрана за напуштање на местото на живеење или привремено престојувалиште, обврска за повремено јавување во судот, како и забрана за контакт и дружење со одредени лица. Судот додаде дека мерката за одземање на патната исправа останува во сила.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *