
Во врска со случајот на 23-годишната Ива Михајлова, „Левица“ побара министерот за внатрешни работи Тошковски да понесе одговорност. И СДСМ побара министерот Тошковски да одговара и да поднесе оставка поради пропустите во безбедноста на границата.
Реагираше и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, барајќи итно утврдување на одговорноста, откривање на евентуалните соучесници и кривична одговорност за – како што наведе – сите лица за кои ќе се утврди дека го организирале или овозможиле бегството.