
Во четврток и петок, Европскиот совет ќе расправа за предлогот да се воведе гласање со квалификувано мнозинство наместо со едногласност при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите-кандидати.
Пред состанокот, комесарката за проширување Кос изјави дека проширувањето ќе биде можно само за земјите што ја усогласиле својата безбедносна политика со онаа на ЕУ. За патот кон интеграција на Западен Балкан ќе се разговара и на Самитот ЕУ – Западен Балкан, што ќе се одржи кон крајот на ноември во Брисел, а на кој ќе присуствува премиерот Мицкоски, кој претходно ќе оствари средба со комесарката Кос.
Премиерот не прецизираше дали пред тоа ќе се одржи уште една средба со Бугарија.