
Судскиот совет ја прифати претставката поднесена од 70 вработени во Основниот суд во Куманово против претседателката на судот, Снежана Манев.
Советот констатираше сериозно нарушени меѓучовечки односи и работна атмосфера, долготраен конфликт, како и пречекорување на законските надлежности. Претседателот на Советот, Александар Камбовски, изјави дека одлука ќе биде донесена многу наскоро.
На седницата одржана во средата, Советот го усвои и новиот Деловник за работа, усогласен со новиот Закон за Судскиот совет.