Клековски: Снабдувањето со БЦГ-вакцина е стабилно

Вакцинацијата со БЦГ-вакцината ќе се одвива непречено. Министерството за здравство, во соработка со УНИЦЕФ, ќе обезбеди континуирана достапност на вакцините произведени во Јапонија, изјави во средата министерот за здравство Клековски.

Како што појасни тој, станува збор за БЦГ-вакцини од серијата број 6831 од 22 декември 2022 година и серијата 807-1 од 11 декември 2023 година. Според министерот, двете серии требало целосно да се искористат до летото 2026 година.

„Во нашата земја нема евидентирано несакани ефекти поврзани со примената на овие серии. Министерството, заедно со надлежните институции, спроведува дополнителни анализи, а јавноста навремено ќе биде информирана за нивните резултати“, изјави Клековски.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *