
Во вторникот се одржа ново рочиште за случајот со пожарот во Кочани.
Вештакот предложен од Дејан Јованов во своето сведочење во корист на обвинетиот сопственик на „Пулс“ изјави дека не станувало збор за реконструкција, туку за градежно-занаетчиски работи и внатрешно уредување. Според вештакот, објектот бил изграден во согласност со одобрениот проект и со стандардни градежни материјали.
Неговото сведочење предизвика револт кај родителите на жртвите. Тие оценија дека тврдењата се произволни и неосновани, барајќи од судот да не ги зема предвид.