
Како одговор на обвинувањата на Филипче, платформата „12:05“ изјави дека лидерот на СДСМ сè повеќе наликува на својот „поранешен работодавач“, експремиерот Груевски. Исто така, се наведува дека поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ е политички гуру и идол на Филипче.
„Сиот личен бес го истура врз оние кои мислат поинаку од него. Користи крајно примитивен речник, се служи со подмолни конструкции, лично ги навредува и со сите сили се обидува да дискредитира докажани партиски борци кои и во изминатите две години и сега искрено и чесно сакаат да помогнат за посилен СДСМ. Да го трошеше истото време за вистинска борба против Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, партијата и членството немаше да биде во ваква незавидна состојба“, се вели во соопштението на платформата.