Директорот на музејот во Крушево поднесе оставка поради реакциите на одлуката за музичкиот спот

Директорот на Историскиот музеј во Крушево, Миха Оџаклиески, поднесе неотповиклива оставка.

Одлуката уследи по острите реакции во јавноста предизвикани од издавањето под заем на споменикот „Македониум“ во Крушево за 500 евра, за потребите на снимањето на спотот за песната „Sexy Mama“ на косовскиот рапер Дон Џони.

Во својата оставка, Оџаклиески наведе дека овој чекор го презема како личен, морален и етички чин, кој ја одразува неговата одговорност и кон институцијата и кон пошироката јавност. Дозволата за снимање била издадена од Управниот одбор на музејот, чии членови исто така поднесоа оставки.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *