Телма: „Македониум“ во Крушево изнајмен за 500 евра за снимање рап-спот

Споменикот „Македониум“ во Крушево бил изнајмен за 500 евра за снимање музички спот за песната „Sexy Mama“ на косовскиот рапер Дон Џони.

Одлуката ја донел Управниот одбор на Историскиот музеј во Крушево, што го потврдил и директорот Миха Одјаклиески. Тој за „Телма“ изјавил дека зборот „изнајмување“ е прегруб, бидејќи институцијата само го отстапила просторот.

Како што објаснил Одјаклиески, тоа било направено врз основа на одлука на Управниот одбор, по цена од 500 евра за неколку часа. Тој нагласил дека такво нешто се практикувало и во други прилики, за соодветен надомест.

„Сепак, целиот музички спот не е снимен во внатрешноста на Македониумот“, истакнал Одјаклиески.

До Управата за заштита на културното наследство не било поднесено барање за дозвола за снимање на оваа локација, која претставува заштитено културно наследство.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *