
По полноќ во вторникот, пукна цевка од дотраените инсталации во зградата „Нова Македонија“ во скопската општина Центар, каде што се сместени Министерството за образование и наука, Државната изборна комисија (ДИК) и други државни институции.
Водата ги поплави просториите и допре до делови од електричните инсталации и до струјомерите. Како превентивна мерка, беше исклучено напојувањето со електрична енергија во објектот. За целосна санација ќе бидат потребни 5 до 6 дена.
Во врска со состојбата, Владата донесе заклучок со кој им препорачува на институциите сместени во зградата да го реорганизираат тековното работење, односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски од дома.