
Поделбите во СДСМ излегуваат на виделина и дополнително се продлабочуваат. Во врска со платформата „12:05“, лидерот на партијата, Филипче, во четвртокот изјави дека е разочаран од поранешните функционери на СДСМ. Исто така упати критики и кон актуелната пратеничка Славјанка Петровска.
Од друга страна, во интервју за „Телма“, Игор Ивановски, еден од организаторите на платформата, изјави дека преку измените на Статутот направени за време на мандатот на Заев како лидер, СДСМ станала заробена партија.
„Според тој Статут, многу е тешко да се бара одговорност кога некој ќе направи грешка“, изјави тој.