POLITICO: ЕУ подготвува акциски планови за членство за четири земји-кандидати

ЕУ подготвува предлози со кои на четирите земји што се најблиску до пристапување кон блокот би им се понудил јасен, постепен пат кон членство – додека другите заостануваат, објави „Политико“ (POLITICO).

„Се разгледуваат насочени ’патокази‘ за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија“, изјавија за „Политико“ двајца високи претставници на Европската комисија кои работат на нацрт-предлозите, како дел од напорите да се забрза овој процес што трае со децении. Тие сакаа да останат анонимни додека зборуваа за овие чувствителни планови. Овие четири земји се сметаат за предводници во процесот на пристапување кон ЕУ, но сепак се соочуваат со бавен напредок и нејасни рокови за тоа кога би можеле официјално да бидат примени“, се наведува во текстот.

Во извештајот на „Политико“ исто така се наведува дека, сепак, на другите земји-кандидати кои се во порана фаза од процесот – како Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговина – во оваа фаза нема да им бидат понудени такви патокази, потврдија претставниците.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *