
Платформата на демократската опозиција се шири, соопштија од платформата „12:05“ во саботата, откако пратеникот на „Левица“, Амар Мециновиќ, им се придружи на нејзините членови во дебата одржана истиот ден.
„Нас нè интересираат следните 35 години, а нашата мисија е да ја запреме антинародната власт“, изјави Мециновиќ.
Тој додаде и дека мора да се стави крај на неказнивоста меѓу раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при што одговорноста на „Левица“ е да разговара со сите опозициски сегменти.
Поранешниот потпретседател на СДСМ, Игор Ивановски, изјави дека учеството на претставник од „Левица“ е доказ оти фронтот против поддржувачите на лидерот на СДСМ, Филипче, се шири.
Од друга страна, партијата на Филипче повторно ги обвини иницијаторите на платформата дека работат по налог на премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради лични интереси. ВМРО-ДПМНЕ, пак, го обвини Филипче за ширење хистерија и паника поради состојбата во неговата партија.