
Претставниците на платформата „12:05“, составена од актуелни и поранешни функционери на СДСМ, во четвртокот изјавија дека немаат намера да формираат нова политичка партија ниту да настапат со независни листи на следните парламентарни избори.
Целта, како што беше објаснето, е да се консолидира опозицискиот фронт, да се извршат промени во раководството на СДСМ и да се врати довербата на граѓаните кои, според платформата, се разочарани поради неисполнетите очекувања од периодот 2016–2017 година.
Според платформата, кај граѓаните постои изразено опозициско расположение, но недостасува силна и добро организирана политичка алтернатива.