Мицкоски одржува средби на маргините на Генералното собрание на ОН

На маргините на Генералното собрание на ОН, премиерот Мицкоски се сретна со својот хрватски колега Пленковиќ. Тие разговараа за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи, регионалната соработка и важноста од продолжување на реформските процеси во согласност со европските стандарди.

„Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери, во насока на градење посилна, стабилна и просперитетна иднина за граѓаните“, рече Мицкоски.

Премиерот оствари средба и со својот косовски колега Курти. Се разговараше за унапредувањето на добрососедските односи, регионалната соработка, како и за заедничките предизвици и можностите за развој на двете земји.

Активностите на премиерот во Њујорк вклучуваа и средба со претседателот на Финска, Стуб, при што беше истакната важноста од почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и неопходноста од градење стабилна и безбедна Европа.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *