Докази презентирани на судењето за државната лотарија

Документацијата поврзана со формирањето на заедничка компанија со странски партнер, владините одлуки, како и финансиските трансакции поврзани со набавката на терминали за видеолотарија, беа дел од материјалните докази што ги презентираше Обвинителството на рочиштето во средата, во рамките на судскиот процес за случајот „Државна лотарија“.

Обвинителите истакнаа дека доказите се однесуваат на поединечните надлежности на секој од обвинетите во случајот. Како што појаснија, во натамошниот тек на постапката, како сведок на Обвинителството ќе се појави и актуелниот директор на Државната лотарија, Александар Климовски.

Сепак, одбраната смета дека презентирањето на доказите покажало оти обвинението е нејасно и дека обвинетите не сториле кривично дело. Меѓу обвинетите во овој случај е и поранешниот заменик-премиер Груби, кој се наоѓа на американската „црна листа“.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *