
Во случајот поврзан со нелегалната плантажа со марихуана, одгледувана од две лица од општина Ново Село – З.М. (34) и А.Т.Г. (30) – на локацијата позната како „Матник“, двајцата го признале делото пред јавен обвинител и им е одредена мерка куќен притвор.
„Во службен разговор, тие признале дека, откако обезбедиле семиња од растението канабис, го обработиле земјиштето и поставиле нелегална плантажа, каде што во мај 2026 година ги засадиле семињата и ги одгледувале растенијата со цел производство на марихуана. Од осомничените се одземени повеќе стебла со различна висина и со вкупна тежина од околу 680 килограми“, изјави во средата портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Струмица, Александра Трајанова.