
Мицкоски во понеделникот во Њујорк оствари официјална средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Средбата претставуваше можност за отворен и суштински дијалог за стратешкото партнерство со САД, продлабочувањето на политичката и економската соработка, како и за прашања од заеднички интерес за двете земји.
„Во време на сериозни геополитички предизвици и промени во меѓународните односи, од исклучителна важност за нас е да одржуваме цврсти, стабилни и принципиелни односи со нашите стратешки партнери. САД се наш долгогодишен стратешки партнер и сојузник, а директната комуникација на високо политичко ниво е важна компонента за натамошно зајакнување на тие односи“, изјави премиерот Мицкоски.