
По средбата во Стразбур со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, бугарската потпретседателка Јотова изјави дека очекува надзорот врз извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во врска со „ОМО Илинден – Пирин“ конечно да заврши на следната седница.
Според неа, Бугарија досега ги исполнила сите препораки од меѓународните тела и, во координација со Агенцијата за регистрација, донела законски измени за да се овозможи регистрација на организацијата. Сепак, Јотова додаде дека во текот на постапката за аплицирање постојано недостасувал одреден документ од страна на „ОМО Илинден – Пирин“. Од друга страна, организацијата ги оцени нејзините тврдења како целосни невистини и манипулација.