
Земјата ги исполнува условите, но останува надвор од ЕУ поради билатерални прашања, оцени премиерот Мицкоски во разговор со Атлантскиот совет во Вашингтон.
На прашањето дали смета дека проширувањето на ЕУ навистина се заснова на заслуги и дали неговата земја ја завршила својата „домашна задача“, а сепак останала надвор од блокот, премиерот изјави дека процесот токму така и треба да изгледа, но дека македонскиот случај со години е оптоварен со билатерални услови.
Односите со САД, исто така, беа меѓу клучните теми во обраќањето на Мицкоски, при што тој нагласи дека стратешкото партнерство мора дополнително да се продлабочи. Мицкоски, меѓу другото, се осврна и на можностите за нови американски инвестиции, изградбата на центри за податоци, енергетското поврзување со Грција и потенцијалот за експлоатација на критични минерали.