
На средбата со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, бугарската потпретседателка Јотова го покрена случајот на Ива Михајлова – младо девојче со двојно државјанство (на Бугарија и на Северна Македонија), која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици и против која се води судска постапка во Кочани.
Таа изјави дека, иако Бугарија не сака да се меша во судските постапки во Северна Македонија, инсистира на тоа на Михајлова да ѝ се овозможи пристап до неопходен медицински третман, „имајќи ги предвид нејзините сериозни здравствени компликации“.
Според Јотова, бугарските власти понудиле две опции: Михајлова да се лекува во Бугарија или бугарски медицински тим да ја посети Северна Македонија за да изврши консултација. Таа нагласи дека ниту една од понудените опции не биле прифатени.