
Избрана е потенцијална локација за Националниот дата центар. Објектот најверојатно ќе се гради во близина на Технолошко-индустриските развојни зони „Скопје 1“ и „Скопје 2“, на парцела со неплодно земјиште која располага со доволно простор за евентуална изградба на фотонапонска централа.
Министерот за дигитална трансформација, Андоновски, вели дека локацијата ги исполнува клучните услови: близина до Скопје, до автопат, до линија со оптички кабли и до самите зони. Изградбата ќе чини 20 милиони евра, при што 70% од средствата се предвидени за објектот, а 30% за опремата.
За проектот ќе се користат државни средства, но тој вклучува и грант-компонента од 30%. Владата во моментов бара меѓународен финансиер. Иако се водеа разговори со Светската банка, според Андоновски, таа нема да може да го финансира проектот поради неусогласеност со барањата на ЕУ.